-1 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

„Скопје Синема Сити“ му ја врачи наградата за животно дело на композиторот Филип Глас

Најчитани вести

Филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“ му ја врачи награда за животно дело на познатиот американски композитор Филип Глас, за достигнувања во музиката и филмот за време на одржувањето на концерти со неговите дела во Филхармониската сала во Париз.

Како што соопшти „Скопје Синема Сити“, во негова чест Фестивалот во февруари 2020 година во Кинотека на Македонија ќе го прикаже филмот на Ерик Дармон – „Филип Глас: Гледајќи го Глас“, како дел од зимското издание на фестивалот.

Филип Глас денес се смета за најпознат и најуспешен американски композитор. На 31 јануари следната година, тој ќе наполни 83 години и се уште е активен и како композитор, и како изведувач. Тој е еден од четворицата основоположници на минимализмот – правец во класичната музика којшто во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кој направи револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус што се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти и хорска музика. Тој во земјава настапи во 2000 година, кога во Универзалната сала одржа хуманитарен концерт.

Инаку, ова е традиционална награда што Фестивалот ја доделува од своето прво издание во 2015 година, кога му беше врачена на Дејвид Боуви.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести