Скопје, 27 декември- На 26.12.2019 во 02.00 часот пред угостителски објект на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициска станица Центар го лишиле од слобода В.С.(25) од Скопје, кој во алкохолизирана состојба физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.