Во моментов надвор од функција се 1.500 светилки чие одржување е во надлежност на Град Скопје, објави Скопје 1.
Од скоро 9.500 светилки во Град Скопје, 1500 се надвор од функција, а бројот постојано се зголемува поради не водење грижа.
Овој податок го исфрла апликацијата преку која се контролираат светилките, и во секој дел на Скопје има светилки кои не работат.
Најалармантно е во Градскиот парк, но и на кејот на Варадар, низ центарот на Скопје. Подолг период не работат дел од светилките на Бихаќка, Гологанов, Ѓорче Петров, булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Инаку сетилките се контролираат од апликација, а лесно се детектира и секоја нефункционалност со цел замена или поправка на сијалица.