Home » Скопје повторно меѓу градовите со најзаген воздух во светот

Скопје повторно меѓу градовите со најзаген воздух во светот

by Журнал

Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот.

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително здравје.

Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.

Поради високото ниво на аерозагадување, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на 27 декември воведе мерки и даде препораки за заштита на населението во Скопје.

Мерките беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More