Home » Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C

Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C

by Журнал.мк

Скопје вчера се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, каде во периодот од 14 до 15 часот се измерени 41,7 степени Целзиусови во скопското село Петровец, објави метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира метео податоци од целиот свет.

На првото место беше турскиот град Ајдин со 42,6 степени, а на второ место Фетие, исто така во Турција, со 41,7 степени. Топлинскиот бран го зафати и останатиот дел од Турција, каде температурата надмина 41 степен во уште пет градови: Урфа (41,4°C), Анталија (41,3°C), Дикили (41,2°C), Измир (41,2°C) и Маниса (41,2°C). Зад Скопје, со ист степен на жештина (41,2°C), се најдоа и Мерида (Шпанија) и Сер (Грција).

Во светски рамки, вчера највисоката температура е измерена во Кувајт – 47,2°C, додека најстудено беше во руската антарктичка база Восток со -75,5°C.

Според „Огимет“, најмногу дожд наврна во Индија, најсилен ветер дуваше на Гренланд, а најтоплото место по просек во последните 24 часа беше населбата Џалони во Оман, со 44°C.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk