Home » Скопјанец заврши во притвор по обидот да силува скопјанка во населба Кисела Вода

Скопјанец заврши во притвор по обидот да силува скопјанка во населба Кисела Вода

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Според Обвинителство, вчера осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа.

Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица.

Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го доврши обиденото кривично дело.

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More