Вчера по полноќ во село Арачиново во Скопје полицијата го уапсила лицето К.Б. (41) од Скопје, во чие возило е пронајдена стока за која не поседувал соодветна документација. Полицијата му ги одзела возилото и стоката.
„На 04.06.2025 во 00.20 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Б.(41) од Скопје. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена и одземена е стока за која не поседувал соодветна документација. Возилото и стоката се одземени, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава по член 278 од Кривичникот законик“ стои во полицискиот билтен.