Škoda работи на основен електричен модел кој ќе ја замени Fabia, изјави шефот Клаус Зелмер за британскиот Autocar.
Цената за новиот автомобил, исто така, ќе биде слична на Fabia, рече Зелмер, која моментално се продава во Велика Британија за 17.800 фунти во SE Comfort опрема.

Говорејќи на претставувањето на концептниот автомобил Vision 7S, кој самиот ќе пристигне во салоните во 2026 година, шефот на Škoda рече: „Fabia по нејзината ценoвна позиција ќе ја наследи електрично возило со батерии и ние веќе работиме на тоа“.
Сепак, тој го додаде и ова: „Најголемиот предизвик во моментов е цената на [производството] електрични возила со батерии, особено кога се произведува автомобил [со големина на] Fabia. Ќе мораме да останеме малку трпеливи“.

На претставувањето на концептот 7S во Прага, беше потврдено дека на електричниот SUV со седум седишта ќе му се придружат урбан EV и crossover кога ќе биде лансиран, а потоа два електрични автомобили – од кои едниот се очекува да биде замена за Fabiа. Ова ќе го означи за лансирање во последниот квартал од деценијата.
Се смета дека наследникот ќе изгледа радикално различен од Fabia кога ќе биде лансиран со новиот дизајнерски јазик на Skoda, кој повеќе навестува каросерија во стилот на SUV отколку на супермини стилот на Fabia.

Се очекува да се заснова на почетната архитектура MEB на Volkswagen Group и да биде еден од последните во групата што ќе го користат пред воведувањето на новата SSP платформа. Ова ќе му овозможи на моделот да се фокусира на возење во град.
Може да користи и многу помала верзија на батерискиот пакет од 89 kWh од концептот Vision, но сепак да ги искористи предностите на брзото полнење од 200 kW, брзина на полнење многу поголема од кој било друг мејнстрим автомобил од групацијата VW.

Лансирањето на овој модел, заедно со откривањето на концептот Vision 7S, значи дека Skoda го проширува својот дофат за да привлече поширока публика, рече Зелмер. „Ова не става во поширок круг на потенцијални клиенти кои можеме да ги донесеме во Škoda“, рече тој.
„Автомобилите како овој [Vision 7S] се потенцијално попрофитабилни, и се разбира, ние сме во бизнисот да заработиме пари, но тоа не е главната цел. Главната цел е да го зголемиме нашиот отпечаток во целина, да покриеме поголем потенцијал на пазарот.