21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Škoda објави цртежи за новата генерација на Fabia

Најчитани вести

Чешкиот производител Škoda потврди дека новата генерација на својот субкомпактен хечбек Fabia ќе ја забележи својата премиера на 4 мај

Во пресрет на премиерата, Škoda ги објави првите цртежи за својот модел Fabia. Како што е и вообичаено а дизајнерските цртежи, тие отстапуваат од реалниот производ кој ќе биде претставен на 4 мај. Од она што може да се забележи, дигиталните цртежи ги отфрлаат рачките на вратите и ретровизорите со цел да се добие почист страничен профил, но јасно е дека тоа нема да биде случајот со вистинскиот модел.

Fabia

Новообјавените тизери овозможуваат и поглед на Full LED предните и задните светла, кои се нешто пошироки во однос на претходно и се протегаат на задната врата. Пошироките задни светла се неопходни со оглед на тоа дека Fabia нарасна во своите димензии. Претходните прикази на камуфлираните прототипи открија многу пореален изглед на моделот, со својот еволутивен дизајн, со помалку нагласени сводови над тркалата, рачки на вратите и атрактивен профил, за кој Škoda вели дека ќе содржи нови линии инспирирани од мотиви на чешкото знаме.

Новата Fabia ќе добие потенки фарови со интегрирани дневни светла, поголема решетка и позаоблена покривна линија која завршува со поголем спојлер. Škoda успеа да го намали коефициентот на отпор од 0.32 на 0.28 со цел да ја зголеми ефикасноста и да ја намали потрошувачката.

Fabia

Нова внатрешност и пет моторни опции

Во внатрешноста, четвртата генерација на Fabia ќе добие нов инфозабавен систем, со стандарден 6,8-инчен или опционален 9,2-инчен екран, заедно со 10,2-инчната дигитална инструмент табла. Моделот ќе добие и дополнителни простори за складирање и USB-C приклучок во внатрешниот ретровизор.

Моторната постава ќе ја сочинуваат 1,0-литарскиот трицилиндерски мотор со 65 и 80 КС во комбинација со петстепен мануелен менувач. По него следува 1,0-литарскиот турбо трицилиндерски агрегат со 95 или 110 КС, во комбинација со петстепн мануелец кај послабата, односно шестстепен мануелец или седумстепен DSG кај помоќната опција. На врвот ќе се наоѓа 1,5-литарскиот мотор со 150 КС и седумстепен автоматски менувач со двојна спојка.

Новата Škoda Fabia ќе се најде во продажба во Европа во втората половина на 2021 година. Актуелниот Fabia Combi ќе коегзистира со новиот хечбек се до пристигнувањето на новата генерација на караванот на почетокот од 2023 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести