22.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Skoda го покажа Enyaq Sportline iV

Најчитани вести

Компанијата Skoda објави информација за новата спортска верзија на целосно електричниот модел Еnyaq – Enyaq Sportline iV, кој доаѓа со ред на промени и оптимизација на уште подинамично однесување на патот.

Skoda Enyaq Sportline iV се разликува од стандардната верзија на електромобилот со оптимизирана суспензија, која го намалува и клиренсот на автомобилот од патот за 15 милиметри во предниот и 10 милиметри во задниот дел, сет од 20 и 21 инчни тркала, нови декоративни елементи за надворешниот дел од возилото и друго.

Во внатрешноста на електричниот автомобил се откриваат спортски седишта со интегрирани потпирачи, повеќефункционален спортски волан со три краци и кожен тапацир, дополнителни апликации со карбон.

Skoda Enyaq Sportline iV е достапен во три основно верзии на моќност. Enyaq iV 60 со 180 коњски сили и батерија 62 kWh (400+ км автономност), ENYAQ iV 80 со 205 коњски сили и батерија 82 kWh (520+ километри), и ENYAQ iV 80x со два електромотори за погон на четири тркала со моќност од 265 коњски сили, кој ќе биде лансиран на пазарот во текот на оваа година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести