Ако помисливте дека тоа е Елена Велевска или Сузана Гавазова, се излажавате.
Се сеќавате на фолк-пејачката Јасмина Мукаетова која пред десетина години се откажа од музичката кариера поради љубов и се пресели во Америка?

Ако го разгледате нејзиниот профил на Инстаграм ќе видите дека Мукаетова е скоро на секоја фотографија дотерана во брендирана гардероба, носи очила од стотици евра, се вози во автомобили кои чинат илјадници евра и што ли уште не.

Нејзините семејни одмори со сопругот и децата се на луксузни дестинации како што се Бахамите, Куба, Мексико и слични егзотични земји.

Јасмина на времето кога имаше активна музичка кариера важеше за една од најбараните, но и најатрактивни фолк-пејачки.