Напаѓачот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ според информациите на хрватските медиуми бил физички нападнат во населбата Дубрава.
Како што пренесува неделникот „Национал“ нападот се случил во петокот во локален кафе-бар каде што Петковиќ се сретнал со лица кои претходно му позајмувале пари на неговиот брат.
Средбата била со цел за решавање на финанискиот долг, но целата ситуација ескалирала откако напаѓачот не сакал да ја плати одредената камата на долгот.
Фудбалерот на Динамо е надвор од терените поради повреда на адуктурот и пубичната коска и во моментов е Болоња каде што се рехабилитира. Информациите се дека Петковиќ бил подготвен да им го врати главниот долг кој го имал неговиот брат, меѓутоа одбил да се договара околу каматата која била висока.
Од полицијата засега се уште не објавиле официјални информации за целиот случај.