Home » Скандал во гостиварска џамија пред Бајрам: Лидер на македонските Турци ја обвини ИВЗ за понижување на турскиот јазик

Скандал во гостиварска џамија пред Бајрам: Лидер на македонските Турци ја обвини ИВЗ за понижување на турскиот јазик

by Журнал.мк

Скандал во џамијата во Гостивар: Лидер на македонските Турци ја прозва ИВЗ дека го дискриминира турскиот јазик

Инцидент со јасна етно-јазична димензија го одбележа денешниот верски настан во Саат џамијата во Гостивар, каде што верниците се собраа по повод Хетим Дова и обраќање во чест на покојниот Шакир ефенди Фетаху.

Една од најгласните реакции дојде од познатиот политичар и активист Ердоган Сарач, кој во објава на социјалните мрежи упати остри критики до раководството на Исламската верска заедница, обвинувајќи го актуелниот поглавар на ИВЗ Реис-ул-улемата Шаќир Фетаху за јазична дискриминација.

„Дури ни две реченици на турски јазик не беа прочитани. Јавно реков: ‘Кажете барем две реченици на турски!’“, напиша Сарач на ФБ, додавајќи дека дел од верниците биле очигледно вознемирени од игнорирањето на турскиот, мајчин јазик на многумина во регионот.

Тој посочува дека ситуацијата дополнително се вжештила откако еден имам изјавил дека „овде има само месојади“, на што Реисот не реагирал. Според Сарач, таквиот молк ја легитимира дискриминацијата, а како одговор најави дека нема да присуствува на следната покана од страна на Исламската заедница.

„Ова не може да биде случајност. Го одбиваме секое понижување на нашиот јазик. Турскиот е службен јазик во ИВЗ, и тоа мора да се почитува“, напиша Сарач.

Исламската верска заедница засега нема официјален коментар по повод обвинувањата.

Скандал во гостиварска џамија пред Бајрам: Лидер на македонските Турци ја обвини ИВЗ за понижување на турскиот јазик

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk