Сања Маринковиќ, познатата телевизиска водителка, повторно се најде во центарот на вниманието поради конфликт во нејзината емисија „Магазин ин“.
За време на гостувањето на пејачката Маја Николиќ, настана жестока расправија кога Маја ја спомена старлетата Станија Добројевиќ. Сања ѝ забележа дека не е пристојно да се зборува за луѓе кои не се присутни во студиото.
Кратко потоа, Сања ја спомена Дарa Бубамара и нејзините провокативни фотографии, на што Маја ѝ возврати со остри зборови, нарекувајќи ја „искомплексирана глупача“ заради тоа што прави токму она што претходно го критикуваше.
Овој инцидент предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и ја врати темата за тензиите во емисијата.