Home » Ситуацијата на Косово е многу помирна отколку што беше, велат од НАТО и КФОР

Ситуацијата на Косово е многу помирна отколку што беше, велат од НАТО и КФОР

by Журнал.мк

Ситуацијата на Косово сега е многу помирна отколку што беше, но понекогаш сè уште има тензии, објавија преку социјалните мрежи НАТО и КФОР.

Додаваат дека косовските сили предводени од НАТО и КФОР остануваат клучни за стабилноста во регионот.

Оваа порака е објавена додека е во тек посетата на евро-американското дуо Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, кои се обидуваат да го рестартираат дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, пренесува порталот „Коссев“.

Засега не е потврдено дали Лајчак и Ескобар денеска ќе се сретнат со некој од оваа воена мисија, пред да заминат за Белград.

НАТО ја објави оваа порака со кратко видео од северот на Косово со потсетување дека до неодамна имаше барикади на локалните Срби по спорот меѓу Приштина и Белград за регистарските таблички.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More