Холандската фудбалерка Џил Рорд е ново засилување на Манчестер Сити, соопштија од тимот.
Играчката од средниот ред потпиша тригодишен договор со Сити, а во англискиот клуб доаѓа откако две сезони играше за Волфсбург.
Според пишувањата на медиумите, таа се преселила во Сити за 350.000 евра, со што е поставен нов британски рекорд за трансфер сума во женскиот фудбал. Рорд во кариерата играше и за Твенте, Баерн Минхен и Арсенал.
Минатата сезона 26-годишната фудбалерка играше во финалето на Лигата на шампионите со Волфсбург, во кое германскиот тим беше поразен од Барселона со 3-2.
За холандската репрезентација одигра 86 натпревари, а со репрезентацијата ја освои титулата на Европското првенство во 2017 година и две години подоцна среброто на Светското првенство.