8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Сите зборуваат за него и велат дека лекува сè: Дали ѓумбирот е навистина толку важна состојка во исхраната?

Најчитани вести

Ѓумбирот е богат извор на витамин Ц – моќен природен антиоксиданс. Тој го штити телото од оштетување од слободните радикали, спречува воспалителни реакции, го забавува процесот на стареење, ја хидрира кожата одвнатре и овозможува заштита од ефектите на ултравиолетовото зрачење (под услов да користите заштитен фактор).

Уште една важна функција на витаминот Ц е зајакнување на имунолошкиот систем. Во зимскиот период ова е особено важно бидејќи веројатноста од заболување значително се зголемува. Ѓумбирот го штити телото од вируси и патогени бактерии и поттикнува производство на имуноглобулин, а алкалоидот гингерол кој го содржи, делува антибактериски и го зголемува производството на топлина во телото. 

Покрај тоа, активните супстанци во коренот на ѓумбирот овозможуваат ефикасна детоксикација на телото, ги отстрануваат сите токсини и го подобруваат варењето. Ѓумбирот го стимулира производството на желудочен сок и ја поттикнува дигестијата.

Ѓумбирот е од непроценлива помош во борбата против кардиоваскуларните болести, а активните супстанци во него помагаат во разредување на крвта, го нормализираат крвниот притисок и спречуваат создавање на крвни згрутчувања.

Коренот од ѓумбир е одличен извор на калиум кој е неопходен за правилно функционирање на речиси сите телесни системи. Помага во нормализација на рамнотежата на вода и електролити, го намалува ризикот од дехидрација, помага во ублажување на грчевите во мускулите и го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород, подобрувајќи ја меморијата и концентрацијата.

Користете свеж и сушен корен од ѓумбир – додајте го во топли јадења, салати, кафе или чај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести