Home » Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет

Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет

by Журнал.мк

Ниту во целосен состав, Судскиот совет нема да успее да ја врати изгубената доверба, сметаат невладините. Од Коалицијата Сите за правично судење велат најголем дел од членовите во изминатиот период работеле незаконски, а тоа го покажале и со тајното гласање за одземање на имунитетот на врховниот судија кој е осомничен за примање поткуп. Бавно се спроведувале и препораките на Оценската мисија, па единствен излез од кризата во која е судски, невладините гледаат во оставки на членовите.

Состојбите во судски ескалираа лани со разрешување на претседателката, а продолжија со оставки на двајца члленови. Едното испразнето столче неделава го пополни врховниот судија Исамедин Лимани иако дел од членовите на судски сметаа дека не треба да му се дозволи да се кандидира бидејќи со неговиот глас ќе се наруши принципот на Бадинтер.

Од коалицијата за правично судење, посочуваат дека низа проблеми има и во работата на Советот на обвинители, но како што велат, таму членовите работат задкулисно и недоразбирањата не излегуваат во јавност.

Во моментов, советот на обвинители работи со еден член помалку откако Иџет Мемети беше осомничен дека заедно со врховен судија зеле мито за олеснување на положбата на осудено лице. Мемети не се појави на последната седница, а неговите колеги укажаа дека е добро тој да не учествува во работата на советот додека трае истрагата за случајот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More