Home » Сите што се на црната листа на САД поради криминал, да понесат политичка и кривична одговорност

Сите што се на црната листа на САД поради криминал, да понесат политичка и кривична одговорност

by Журнал.мк

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична одговорност, како и нивните налогодавачи.

-Криминалот и влијанието врз судовите не е само самостојна определба и одлука на Артан Груби и Енвер Беџети, туку зад сите овие мафијашки однесувања стои лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократскиот сојуз повикува Парламентот да усвои Закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД за да се создаде законска основа за поведување постапка за кривична одговорност. САД покажаа дека лажните бранители на албанскиот јазик во суштина продаваат магла и манипулираат со чувствата на Албанците за да си ја спасат сопствената кожа, се вели во соопштението на партијата.

Од ДС сметаат дека водството на ОНА наместо во ХАГ, дваесет години ја ограбува Македонија и нејзините граѓани и Албанци и Македонци.

Демократскиот сојуз очекува оставки и акција од државата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk