Животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот.
Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, за 100 евра е зголемена во споредба со лани. Две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство.
И наместо покачување на платите, покачување на минималната плата и грижа за стандардот на народот, власта ги турка погрешните политики на ДПМНЕ.
За прв пат, минималната плата е договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите.
Резултатот? Покачување од срамни 1.800 денари, далеку од потребното и далеку од она што го заслужуваат работниците.
Истовремено, власта не го почитува ниту општиот Колективен договор – не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%.
Додека народот се дави во сметки и трошоци, ДПМНЕ троши за папаја, манго, рејтинзи и медиумски мониторинг.
За само девет месеци, оваа влада покажа што ѝ е важно – неработниците, туку бизнис интересите и личниот Пи-Ар.
СДСМ не отстапува! Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати за работниците.
На денешната собраниска седница е Законот за ослободување од плаќање придонеси за зголемени плати поднесен од СДСМ.
Со оваа мерка:
➡️Платите може да се зголемат од 3.000 до 15.000 денари,
➡️Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси за зголемениот дел,
➡️400.000 работници со плата до 65.380 денари ќе добијат повисоки примања.
➡️Ова е ударна економска мерка за поголеми плати – за работниците, за стопанството, за економијата!
Ги повикуваме сите пратеници кои се на страната на граѓаните, на страната на работниците, да гласаат и да го поддржат ова законско решение!
Платите мора да растат. Ова не е само економија – ова е борба за работничко достоинство, сигурност и подобар живот.
Сите пратеници да го поддржат законот на СДСМ за покачување на платите до 15.000 денари.
25
previous post