Но, серијата е популарна токму поради главниот лик, Емили.
По повод, објавувањето на втората сезона од екстра популарната серија „Emily in Paris“ , социјалните мрежи повторно се преполни со различни видеа на таа тема. Ретки се оние кои навистина се воодушевени од втората сезона, но и серијата воглавно, но сите се сложуваат во едно – серијата е одлична за опуштање.
Меѓутоа, има навистина многу работи поради кои гледачите на оваа серија се нервираат. Пред сѐ, Емили претставува една од најиритантните личности, но и нејзиниот стил на облекување, кој е сѐ, само не во слоп со Париз и модата таму. Некои сметаат дека нејзините модни избори во втората сезона биле уште поголемо промашување од првата, додека други сметаат дека можеби се поправила во втората сезона. Освен тоа, иритирачки се и нејзините навики по кои е очигледно дека е Американка, а тие навики се воочливи по тоа што сака апсолутно сѐ да ја објавува на социјалните мрежи. Токму поради тоа некои почнаа и да ја исмејуваат на социјалните мрежи, како и оваа девојка на својот ТикТок профил.