Home » Сите нелогичности околу смртта на Алексеј Навални

Сите нелогичности околу смртта на Алексеј Навални

by Журнал

Поминаа четири дена откако беше објавено дека починал рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, голем противник на рускиот претседател Владимир Путин, а за овој случај има се повеќе неодговорени прашања.

Казнено-поправната управа во областа Јамало-Ненец официјално ја објави смртта на Алексеј Навални на 16 февруари во 14:19 часот по московско време.

Според соопштението, Навални не се чувствувал добро по прошетката и изгубил свест.

„Преземени се сите мерки за реанимација, но нема позитивни резултати. Лекарите од Итната помош констатирале смрт на осуденикот“, се наведува во соопштението, без да се прецизира точната причина за смртта.

Според Кира Јармуш, портпаролката на Навални, властите ѝ рекле на неговата мајка Људмила пред официјалното соопштение дека причината за смртта е „синдром на ненадејна смрт“.

Ненадејна или случајна смрт се однесува на состојби кои водат до ненадеен срцев удар и смрт. Сепак, неименувани извори за некои руски медиуми изјавиле дека Навелни починал од згрутчување на крвта.

Во исто време се појавија информации дека членови на ФСБ дошле во затворот „Полар волк“, каде што бил сместен рускиот опозициски лидер, само два дена пред смртта на Навални.

Според порталот Gulagu.net, агентите ги исклучиле безбедносните камери и уредите за слушање.

Весникот Новаја Газета, повикувајќи се на неименуван осуденик во таа затворска колонија, објави дека вечерта на 15 февруари во затворот имало „чуден метеж“. Наводно, безбедносните мерки биле подигнати на повисоко ниво. Во раните утрински часови на 16 февруари, ќелиите биле претресени, а на затворениците им биле одземени мобилните телефони и другите вредни предмети.

Веста дека Навални е мртов, наводно се проширила во затворот неколку часа пред да биде објавено официјалното соопштение.

Исто така, кружат информации дека на телото на Навални се пронајдени модринки, за кои се уште нема официјални објаснувања како настанале.

Сомнителни се и часовите по смртта на Навални. Имено, само две минути по официјалната смрт, затворските власти излегоа со соопштение за медиумите.

Четири минути подоцна, провладиниот Телеграм канал тврдеше дека причина за смртта е згрутчување на крвта. Седум минути подоцна, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја објави веста за смртта.

Екстремната брзина со која Кремљ ја шири веста за смртта на Навални сугерира дека противникот на Путин можеби умрел порано отколку што официјално се тврдеше.

Интересно е и тоа што семејството се уште не добило можност да го види, а ниту да го идентификува неговото тело.

Се појавија и видео снимки чија автентичност не може да се потврдат, а кои наводно го покажуваат моментот кога конвој од неколку комбиња и полициски возила го пренесува телото на Навални во мртовечницата во Салахард.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More