Home » Сите модели од iPhone 16 серијата ќе можат побрзо да се полнат преку кабел

Сите модели од iPhone 16 серијата ќе можат побрзо да се полнат преку кабел

by Lina Muslija
Корисниците ќе можат да ги полнат своите iPhone 16 уреди побрзо од кога било, доколку користат компатибилен полнач со поголема моќност

Новите iPhone 16 уреди на Apple можат да се полнат побрзо од кога било преку кабел. Според сертификацијата од Кинескиот центар за сертификација за квалитет, како што е забележано од корисникот на Weibo, ShrimpApplePro и објавено од 9to5Mac, сите нови iPhone уреди ќе можат да поддржат полнење од 45 W преку USB-C кабел.

За време на минатонеделната презентацијата, Apple спомена дека новата iPhone 16 серија поддржува побрзо безжично полнење. Официјалната спецификација, исто така, потврдува дека сите нови телефони (iPhone 16, Plus, Pro и Pro Max) поддржуваат безжично полнење MagSafe до 25W со адаптер од 30W или повеќе, како и безжично полнење Qi2 до 15W.

Apple наведува и дека телефоните поддржуваат брзо полнење преку кабел; според спецификациите, можете да добиете „до 50% полнење за околу 30 минути“ со адаптер од 20 W или поголем поврзан со USB-C кабел.

Она што не е наведено во спецификацијата е дека минатогодишните модели на iPhone може да се полнат со максимални 30W, додека новите модели може да достигнат и до 45W, што теоретски овозможува уште побрзо полнење.

За крајните корисници, ова значи дека треба да можат да ги полнат своите iPhone 16 уреди побрзо од кога било, доколку користат компатибилен полнач од 45 W. Сепак, потребно е тестирање во реалниот свет за да се види кои полначи работат најдобро и дали можете да добиете значително побрзо полнење на овој начин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk