ЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, настанал пожар во старечкиот дом. На терен беа излезени 10 пожарникари со три противпожарни возила. Дополнително и уште три медицински тима и две полициски коли, евакуирани се 30 лица кои биле сместени во старечкиот дом.
Градоначалникот Митко Јанчев за нашата телевизија вели дека сите 30 евкуирани се сместени во Општата болница во Кавадарци каде им се прават дополнителни анализи.