Home » Сирискиот претседател во Дамаск се сретна со шефот на агенцијата за хемиско оружје

Сирискиот претседател во Дамаск се сретна со шефот на агенцијата за хемиско оружје

by Журнал.мк

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес во Дамаск се состана со делегација на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), предводена од нејзиниот генерален директор, Фернандо Гонзалес, пренесува Анадолу.

Претседателството соопшти дека на состанокот присуствувал и сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шаибани, без да се наведат детали за содржината на разговорите.

Состанокот следи по претходно барање на организацијата новото раководство на Сирија да ги осигура сите релевантни локации и да ги заштити сите документи поврзани со програмата за хемиско оружје на поранешниот режим.

Сирија се приклучи на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) на 13 септември 2013 година. Истиот месец, Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата 2118 во врска со сириското хемиско оружје по хемискиот напад на режимот на Башар ал-Асад врз Источна Гута во близина на Дамаск, што резултираше со масовни жртви.

На 21 април 2021 година, земјите членки на Организацијата за забрана на хемиско оружје гласаа за суспендирање на некои од правата за членство на Сирија, откако истрагата потврди употреба на хемиско оружје во нападите врз Ал-Латамина во Хама во март 2017 година и Саракиб во Идлиб во февруари 2018 година.

Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk