Home » Синот на Нетанјаху ужива на Флорида: Живее во луксузен комплекс и е заштитен од израелски телохранители, додека стотици илјади негови сонародници се во војна

Синот на Нетанјаху ужива на Флорида: Живее во луксузен комплекс и е заштитен од израелски телохранители, додека стотици илјади негови сонародници се во војна

by Журнал

Постариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир, се чини дека не брза да ѝ се придружи на израелската армија, бидејќи беше снимен како шета низ луксузен станбен комплекс во Флорида додека рекорден број резервисти водат брутална војна против Хамас во Појасот Газа, пишува Дејли Мејл.

На фотографиите кои ги сними Дејли Мејл, синот на Нетанјаху е фатен како се излежува на терасата на луксузниот комплекс, кој чини 5.000 долари месечно, пие пијачки и ги забавува пријателите.

Јаир има 32 години и ги исполнува условите да служи во резерва на израелската армија додека не наполни 40 години.

Неговиот татко минатата недела вети целосна победа над Хамас и им нареди на трупите на ИДФ да се подготват за голема копнена офанзива врз густо населениот јужен град Рафах во Газа.

Јаир, кој има свој подкаст и активизам на социјалните мрежи, го помина поголемиот дел од 2023 година во САД, и покрај масакрот на 1.200 Израелци, главно цивили и рејвери кои присуствуваа на музичкиот фестивал Нова.

Нетанјаху Јуниор конечно се поклони на притисокот на јавноста и полета во Тел Авив на крајот на ноември, каде што беше фотографиран како управува со телефоните за итни случаи на една невладина организација.

Но, тој веќе се вратил во САД во средината на јануари, дознава Дејли мејл, и останал на неколку километри од Мајами Бич, а изворите велат дека Јаир деноноќно го чуваат двајца вооружени агенти од израелската безбедносна служба Шин Бет кои го следат до теретана, базен..

Комплексот во кој престојуваше Јаир може да се пофали со удобности во стилот на одморалиштето, вклучувајќи тениски терени, спа центар, соба за игри, приватно кино и винарска визба.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More