Премиерот Христијан Мицкоски денеска сподели детали за здравствената состојба на неговиот помал син, Антонио, кое е едно од децата кои беа затруени во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош.
Тој рече дека не бил хоспитализиран и во тешка состојба, како што објавија некои медиуми, и дека денеска е подобар.
Сподели дека детето три денови примало инфузија и дека не одело на училиште, а се надева дека од понеделник тоа ќе се врати на настава.
-Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, тој е на целоднавна настава на училиште, биле на ручек, конзумирале иста храна, кажа Мицкоски и подвлече дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењети е од храната или е од нешто друго.








