Македонија У21 добива нов играч од странство кој може да придонесе со квалитет, затоа што Лука Мисимовиќ, играч на Борац кој е на позајмица во БСК, доби повик да го носи дресот со државниот грб.
Како што објави српски „Журнал“, Фудбалската федерација на Македонија испратила покана до напаѓачот и изразила желба да игра за репрезентацијата до 21 година. Мисимовиќ има право да игра за нашата земја врз основа на фактот дека неговата мајка е од Струмица.
Лука Мисимовиќ, кој е син на легендата на босанскиот фудбал Звијездан Мисимовиќ, досега не играл за младинската репрезентација на БиХ.
Досега Мисимовиќ беше член на пионерите и кадетите на БиХ . Пред да дојде во Босна и Херцеговина, играше за германските екипи Минхен 1860 и Инголштат.