Популарниот турски актер Бурак Оџивит и Фахрије Евџен неодамна станаа родители на синот чие име му го дадоа Каран, а во најубавата животна улога одлично се снаоѓаа двајцата актери.
Турските медиуми на големо пишуваа и за тоа дека уште пред да се роди нивниот син неговите родители се потрудиле материјално да го обезбедат.
Па така на неговата сметка за почеток ставиле околу 300 илјади евра.
Познатиот актерски пар не сакаат да го експонираат синот во јавноста, а неодамна јавноста за прв пат го запозна нивниот наследник.
Станува збор за преслаткиот нивни син кој ги собра сите погледи на фотографијата позирајќи со неговата мајка.
Во дел од коментарите фановите пишуваа и дека тој ќе биде поубав од својот славен татко.