Home » Синиша Стојаноски директор на ГОБ „8 Септември“, Марија Андоновска на директорската позиција во ИЈЗ

Синиша Стојаноски директор на ГОБ „8 Септември“, Марија Андоновска на директорската позиција во ИЈЗ

by Журнал.мк

Според најавите на министерот за здравство, Арбен Таравари, уште две здравствени установи добија нови директори.

На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Со Институтот за јавно здравје, пак, ќе раководи Марија Андоновска.

Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Универзитетскиот стоматолошки центар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.

Андоновска беше пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во други здравствени установи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More