Вработените во Паркови и зеленило со најава за тужби против раководството на претпријатието, бидејќи платите не ги добивале во законски рок до 15-ти во месецот. Ако до утре не им се исплатата платите ќе носат одлука за штрајк и протест за блокади на клучни крстосници во Скопје.
Од Синдикатот потенцираат дека недозволиво е работникот да работи а за тоа да моли за плата која не ја добива.
Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ и денеска не одговори за да даде појаснување зошто им се доцни со исплата на плати на вработените.
Од Синдикатот потенцираат дека и тие не можат да дојдат до директорот на прептријатитето за да најдат заеднички договор како да се надмине проблемот со неисплаќање на платите. Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ заедно со колегите од Флораком и Луна веќе неколкупати протестираа за својата егзистенција но велат дека овој пат ќе ги радикализираат протестите.






