Home » Синдикатот на здравствени работници остро реагира за нападите врз здравствените работници

Синдикатот на здравствени работници остро реагира за нападите врз здравствените работници

by Журнал

Независниот синдикат на здравствени работници, експресно, енергично и остро реагира во јавноста за настанот во гоб „8-ми септември“, напад со нож врз здравствен работник. На насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, од синдикатот велат да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила, и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.

Бараат зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции. Инаку, синоќа, пациент прободел со нож вработен во Градската општа болница „8 септември“.

Од МВР велат дека 36 годишниот вработен бил прободен од агресивен пациент кој имал 77 години. Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More