Home » Синдикатот на пристанишните работници во Барселона одбива утовар и истовар на каква било воена опрема

Синдикатот на пристанишните работници во Барселона одбива утовар и истовар на каква било воена опрема

by Журнал.мк

Синдикатот на пристанишните работници од Барселона одби да товари и истовари каква било воена опрема во време на војната во Појасот Газа и повика на заштита на цивилите во конфликтните области, а минатата недела на сличен потег се решија и белгиските транспортни синдикати.

Одлуката на Синдикатот е во голема мера симболична и ги охрабрува другите шпански пристаништа да го следат примерот, изјави вчера секретарот на Синдикатот, Жозеп Марија Деоп.

Деоп рече дека организациите кои промовираат мир би можеле да му помогнат на синдикатот да открие кои контејнери содржат воена опрема, но не прецизираше за кои организации станува збор и дали би се согласиле да му помогнат на синдикатот во овие напори.

Пристанишната управа на Барселона одби да ја коментира одлуката на синдикатот, но рече дека нема информации за воени пратки.

Шпанија во првата половина од 2022 година извезла воена опрема во вредност од 1,3 милијарди евра, а според последните достапни податоци во Израел била извезена воена опрема вредна девет милиони евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More