Home » Синдикатот на ЈСП очекува нова вонредна седница на Советот на Град Скопје

Синдикатот на ЈСП очекува нова вонредна седница на Советот на Град Скопје

by Журнал

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје очекува денеска да се одржи нова вонредна седница на Советот на град Скопје на која повторно ќе се одлучува за одлуката за субвенционирање на ЈСП, а која претходно не беше усвоена поради недоволен број гласови.

– Не помина за еден глас. Веројатно во меѓу време се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП Скопје.

Како што рече, добивме информации дека седницата ќе биде за еден час.

-Ако нема седница на Совет на Град Скопје нема јавен градски превоз, рече Стојановски.

Јавниот градски превоз е во прекин од 9 часот изутрина, а вработените во ЈСП од 10.30 часот се пред седиштето на Град Скопје, каде чекаа исход за одлуката за субвенционирање.

За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. Со одлуката за субвенционирање треба да се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП.

Скоро два и пол часа на вонредната седница, советниците дискутираа за потребата од донесување одлука за субвенционирање 11 милиони евра за ЈСП, средства од кои вработените ќе можат да ја земат декемвриската плата.

Од Град Скопје по седницата соопштија дека „советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно одлучија да тераат инает со граѓаните, да ги остават без превоз, а вработените во ЈСП Скопје без плата“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More