Со барање за минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати за сите вработени за 100 еврапла, утре ССМ во 11 часот излегуваат на протест.
Од Работничкиот дом ќе се упатат до Собранието – Стопанската Комора и ќе завршта пред Владата, да го искажатат своето незадоволство против креаторите на политиките, кои, како што велат, се грижат само за себе и своите интереси, без да водат грижа за работниците, работничките парав и работничките интереси.
„На 1 мај се бореле за 8 часа работно време, нешто кое денеска во Македонија го немаме. ССМ излегува на протест, да бара згоелмување на минималната плата 500 евра, на сите останати плати за 100 евра, да бара зголемување платите на сите. Протестот е начинот да изразиме незадоволство од висината на платите, кои се најниски во регионот и пошироко. ССМ ги повикува сите кои му мислат добро на работникот, да се приклучат на протестот. Денеска синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат и да протестираат, а не да прославуваат. Имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.