Home » Синдикатите на пет јавни универзитети на протест за колективните договори

Синдикатите на пет јавни универзитети на протест за колективните договори

by Журнал.мк

Синдикатите на пет јавни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани колективните договори.

Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието во однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

„Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“.

Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More