Home » Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

by Журнал

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More