Бидејќи температурите достигнаа околу 40 степени Целзиусови, жителите на Сингелиќ се жалата на рестрикциите со вода и неодржување на отворениот канал. Жителите за Алсат изјавија дека нискиот притисок на водата принудил многу домаќинства да постават хидрофори за да можат да се снабддат со доволна вода.
„Во 1984 година овде беше воспоставено водоснабдувањето, оттогаш немаме вода, потоа продолживме со хидрофор. Во два часот навечер доаѓа водата, и што а правиме тогаш“, рече еден жител.
„Кога водата беше ставена пред 30 години, тука беа 50-60 куќи. Сега има околу 400 а капацитетот за вода е под нивото. Водата е голем проблем. Секоја куќа има мотор за повлекување на водата до првиот и вториот кат, во спротивно нема доволно вода. Со години се зборува дека нешто ќе се направи, но нема ништо“, додаде друг жител.
Жителите на Сингелиќ најавија и блокирање на улиците во случај општина Гази Баба да не одговори на нивните поплаки за водата и отворениот канал. Од месната заедница дури велат дека раководителот на општината ги игнорирал повиците и пораките поврзани со оваа проблематика.
„Тие само бараат а ништо не реализираат. Ние, како население, планираме да преземеме мерки оваа година децата да не ги пуштме на училиште. Ќе преземеме радикални мерки, ќе ги блокираме патиштата бидејќи вака не се живее, без вода во 21 век„, нагласи еден жител.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, рече дека за недоволното водоснабдување е одговорно јавното претпријатие „Водовод и канализација“, додека за неодржувањето на отворениот канал, рече дека Месната заедница не го известила навреме.