6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Simplicity, дизајнерска линија на апарати за љубителите на модерната едноставност

Најчитани вести

Минималистичкиот дизајн и висококвалитетните материјали се екипирани со осмислени карактеристики за приспособување кон потребите и навиките на корисникот. Оваа дизајнерска линија е претставува олицетворение на мотото на Горење, Life Simplified (Поедноставен Живот) што значи помалку грижа, помалку копчиња за притискање, помалку потрошено време и смирен ум.

Развиена за личности ориентирани кон дизајнот, кои очекуваат поволни, но сепак лесни за ракување, ефикасни и прекрасно дизајнирани апарати, оваа исклучително успешна линија на апарати за домаќинството беше за првпат лансирана во 2009-тата година и сега доби свое второ комплетно преработување. Иако содржи комплетно нови апарати, нејзината суштинска вредност останува иста: убава, едноставна, достапна.

Достапна во мистериозна црна или чиста бела боја и дизајнирана со цел да го унапреди корисничкото искуство, линијата вклучува рерни, плочи, фрижидери, машини за миење садови, микробранови печки и аспиратори. Сите нудат беспрекорно корисничко искуство: работење во еден потег, претходно поставени програми, препознатливи точки на допир и напредна адаптивна технологија, што ќе ги претвори домашните работи во вистинско  задоволство.

Адаптивна технологија за живеење без напор

Поставувањето на клиентот на прво место, не е само празно ветување за истражувачкиот и развојниот тим на Горење, посветен на развојот на решенија кои го препознаваат животниот стил на корисникот и се приспособуваат кон него. Simplicity комбинираните фрижидери, со нивната функција AdaptTech, на пример, може да предвидат кога вратата на ладилникот ќе се отвори, така што ќе се намали температурата внатре, доволно за да се спречи термичкиот шок за храната и да се обезбеди максимална свежина. AdaptBake ѝ овозможува на Simplicity рерната да ги запамети параметрите за температурата за секоја однапред наместена програма и да ги предложи за следната употреба. И карактеристиката на сензорот AdaptLight на аспираторот, автоматски ќе открие кога некој стои пред плочата за готвење, за да започне со готвење и да ја вклучи светлината за вас.

Покрај адаптивните функционалности, Simplicity апаратите од Горење нудат усовршени автоматски програми и функции, кои користат сензорска технологија за да го трансформираат секој корисник во главен готвач или во квалификуван домаќин. Најзначајно, индукциските плочи имаат функција AutoDetect, која автоматски ја препознава положбата на садот и ја активира само десната зона за готвење, во зависност од големината на тенџерето. И кога оброкот е завршен, автоматската програма (AutoProgramme) на машината за миење садови ќе ја приспособи програмата за миење садови за совршено да ги исчисти садовите, со оптимизирана потрошувачка на вода и на енергија, без оглед на видот (и состојбата) на садовите.

Елегантен дизајн и интуитивни контроли

Со новата Simplicity линија, искусниот и наградуваниот дизајнерски тим на Горење успеа да ја оживее филозофијата Life Simplified (Поедноставен Живот): меки облици, препознатливи точки за контакт, отстранети непотребни елементи и истакнати клучни карактеристики, заедно со новите функционалности, што донесуваат подобра употребливост и целосно поедноставена интеракција. Целосно редизајнираниот кориснички интерфејс беше развиен за да им овозможи на корисниците со различни нивоа на искуство да го искористат максимумот од своите апарати, на едноставен начин, за да заштедат време.

Повеќе информации се достапни на:
https://www.gorenje.com.mk/proizvodi/dizajnerski-linii/gorenje-simplicity-collection-2-1

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com