Home » Силвана Бонева доби ослободителна пресуда, по 6 години

Силвана Бонева доби ослободителна пресуда, по 6 години

by Журнал

Ослободителна пресуда! После 6 години голгота, правдата победи! Вистината излезе на виделина, пишува поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на друштвената мрежа Фејсбук.

Таа додава дека со 21 сведок и 7.179 докази, се срушија како кула од карти лагите и клеветите дека божем нешто сум злоупотребила, исто како што се сруши со години повторуваната лага дека сум била рекордер во земање на патни трошоци.

„Наместо Oбвинителството да го докаже обвинението дека сум поднесувала лажни фискални сметки, јас докажав дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои“, додава Бонева.

Го побив обвинението дека не сум патувала на седници од Струмица за Скопје и докажав дека патував додека бев пратеник во тој период, a Собранието ми исплатило патни трошоци согласно закон, исто како и на другите пратеници.

Дополнително, преку фотографиите постирани на фејсбук и сведоците, докажав дека не само што сум патувала на седници, туку и дека скоро на секои 2 дена во тој период патував на свој трошок на средби со граѓани низ целата држава, иако за такви активности Собранието не исплаќаше патни трошоци.

Се потврди дека прогонот на СЈО беше чиста политичка пресметка, a обвинението против мене целосно неосновано и политички мотивирано.

Му благодарам на Бога што ми даваше сила да го издржам оваа распетие!

Им благодарам на сите вистински пријатели кои веруваа во мене и ми даваа сила да издржам!

Се надевам дека конечно ќе почиваат во мир моите најмили, кои не го дочекаа овој ден!

На сите оние платени ботови кои диригиано со години измислуваа, пишуваа и кажуваа секакви гадости за мене, со цел да ме девалвираат како човек и политичар, Бог нека им суди!

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More