Home » Силното невреме во Хрватска откорна дрвја и поплави објекти

Силното невреме во Хрватска откорна дрвја и поплави објекти

by Журнал.мк

Силното невреме кое вчера го зафати Сплит, зад себе остави хаос.

За кратко време во Сплит наврнаа повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен, јавуваат хрватските медиуми. Во текот на ноќта пожарникарите ги отстрануваа паднатите дрвја на улиците и ја црпеа водата од поплавените подруми. Освен во Сплит, силен ветер и пороен дожд го зафатија и Каштел, пошироката област Макарска, островите Хвар, Брач, Вис и Шолта.

„Јутарњи лист“ пишува дека синоќа во Сплит имало „општа поплава, патиштата се претвориле во реки и врнело повеќе отколку во цел август“. За само час и половина наврнале повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен, што е еднакво на просечната количина за цел август ако се забележат официјални мерења во метеоролошката станица на Марјан во периодот од 1991 до 2020 година, пренесува весникот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More