Home » Силно невреме во Кавадарци: се излеа Луда Мара, апел до граѓаните да останат дома

Силно невреме во Кавадарци: се излеа Луда Мара, апел до граѓаните да останат дома

by Журнал.мк

Силно невреме проследено со силен дожд, град и ветер попладнево го зафати Кавадарци, пришто настанати се штети.

Градоначалникот Митко Јанчев до граѓаните апелира да останат во своите домови затоа што некои улици се блокирани од паднати дрва, на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме.

На терен се службите на Јавното претпријатие Комуналец како и противпожарната служба во градот.

Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More