Невреме со силен ветер, грмотевици и пороен дожд попладнево зафати делови од Скопје, а најпогодени беа источните населби во градот. Во Железара падна дрво и го попречи сообраќајот на улицата „Коце Металец“.
Силното невреме помина и преку Автокоманда, Гази Баба, Бутел, Хиподром, Ченто, Стајковци и повеќе други населби и места во Скопје и околината. Засега нема информации за евентуални врнежи од град и штети.