Home » Силниот ветер во Штип и попладнево корне дрвја и носи покриви, интервенираат пожарникари

Силниот ветер во Штип и попладнево корне дрвја и носи покриви, интервенираат пожарникари

by Журнал.мк

Силниот ветер во Штип продолжува да прави штета и во попладневните часови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека пожарникарите во моментов интервенираат на улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, каде има урнато дел од покривната конструкција на станбена зграда.

Јорданов вели дека дел од штипските населби немаат улично осветлување, поради искинати кабли, а има и скинати кабли на кабелските и интернет операторите. Од утринава екипите на ЈП „Исар“ и пожарникарите од ТППЕ-Штип интервенираа и на отстранување на паднати дрвја и гранки во неколку населби.

МИА информираше дека од силниот ветер паднат е и дел од покривот на Средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“. Највисокиот дел од покривот на училиштето падна на друг објект, кој се наоѓа до самото училиште. За среќа нема повредени ученици и вработени, ниту уништен имот. Директорката на Средното општинско училиште (СОУ), Јованка Шалева изјави дека учениците се безбедни.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk