Home » Силниот ветер во Битола направи пустош: Паднати покриви, откорнати дрвја

Силниот ветер во Битола направи пустош: Паднати покриви, откорнати дрвја

by Журнал.мк

Битолчани денеска ги расчитуваат последиците од силниот ветер што синоќа го зафати градот и откорна покриви, сруши огради и откорна дрвја.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ветрот бил со брзина од над 65 километри на час и дувал со силен интензитет се до ноќта.

Ветрот откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил на улицата „Леринска“. Нема информации за повредени, но направена е материјална штета. Ветрот урна и ограда на градежен плац во старата битолска касарна.

Градоначалникот Тони Коњановски ги посети локациите на кои ветрот ги вознемири битолчани. Информираше дека екипите на локалните јавни претпријатија и пожарникарите ќе извршат санација на местата каде е предизвикана штета. Од општина Битола информираа дека надлежните екипите дејствувале координирано и работеле на расчистување на теренот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk