Home » Силен земјотрес во Егејско море: Се почувствувал недалеку од Солун

Силен земјотрес во Егејско море: Се почувствувал недалеку од Солун

by Журнал.мк

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Егејското Море, недалеку од Грција.

Како што информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил почувствуван на 20 километри југоисточно од населбата Неа Рода и 109 километри источно од Солун.

Епицентарот е измерен на длабочина од 15 километри, додека засега нема информации за материјална штета.

„Кратко се тресеше“, „Ништо страшно, но се почувствува неколку секунди“, „Кратко, но силно“, ова се само дел од сведочењата на граѓаните кои го почувствувале потресот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More