Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди островската држава Тонга, во Океанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на 139 километри од Нукуалофа.