Home » Силен земјотрес од 7,3 степени урна згради во архипелагот Вануату

Силен земјотрес од 7,3 степени урна згради во архипелагот Вануату

by Журнал.мк

Се урна зградата во која се наоѓаа амбасадите на САД, Франција, Обединетото Кралство, Австралија и Нов Зеланд

Силен земјотрес ја потресе малата островска земја Вануату во вторникот, уништувајќи згради во главниот град Порт Вила, вклучително и онаа во која се сместени амбасадите, а сведок за AFP изјави дека видел тела како лежат на улица. Потресот со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 12:47 часот (01:47 по Гринич) на длабочина од 57 километри на оддалеченост од 30 километри од брегот на Ефате, главниот остров Вануату, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Набргу потоа беше почувствуван последователен потрес со јачина од 5,5 степени, проследен со синџир на помали потреси кои го потресоа архипелагот од 320.000 жители.

Зградата во која се наоѓаа амбасадите на САД, Франција, Обединетото Кралство, Австралија и Нов Зеланд се урна, според сликите на АФПТВ.

Службениците во амбасадите на САД и Франција се безбедни, рекоа и двете земји, а мисијата на САД го затвори своето седиште до понатамошно известување. Франција соопшти дека нејзината мисија е „уништена“.

„Има луѓе во градските згради. Имаше тела таму кога поминав“, изјави жителот Мајкл Томпсон за АФП во сателитски телефонски разговор, откако објави слики од уништувањето на социјалните мрежи.

Дополнително, лизгање на земјиштето затрупа автобус, рече Томпсон, зголемувајќи ја можноста за повеќе жртви.

Тој рече дека земјотресот, исто така, срушил најмалку два моста и уште една зграда.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk