Фудбалерот од средниот ред Томче Гроздановски е најновото засилување за Силекс за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот Гроздановски летово ја заврши соработката со Работнички, па сега се сели во редовите на кратовскиот прволигаш.
Претходно во кариерата има настапи и за Металург и Кожуф во македонските првенства, како и за словенечки Вион и хрватскиот тим Дугопоље.