Вицешампионот Силекс од Кратово се подготвува за првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, а за противникот го има Дечиќ од Црна Гора.
Првиот натпревар ќе биде одигран во Црна Гора, на стадионот „Тушко Поље“ во Тузи, а мечот е закажан за 10 јули со почеток во 20 часот.
Реванш натпреварот ќе се игра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, на 17 јули со почеток од 19 часот.
Минатата сезона Силекс во домашниот шампионат заврши на второто место и се бореше за титула, додека пак Дечиќ го освои Купот на Црна Гора и така обезбеди излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет